Заврши годинешното издание на БИТ ФЕСТ

Заврши годинешното издание на БИТ ФЕСТ

Со настапот на двајцата ди-џеи  познати како „BANG LA DEKS“ на втората вечер на манифестацијата „Широк Сокак во бело“, заврши годинешното издание на Бит фест. Бројната публика на Широк Сокак, освен во музиката, уживаше дополнително и во звучни, пиротехнички и светлечки ефекти.

Годинешното издание на Бит фест понуди 65 настани од сите културни области. Застапени беа концерти, театарски претстави, перформанси, ликовни работилници, уметнички изложби, музички рецитали, промоции на книги, детски фестивали итн. Како дел од овој културен колаж на Битола, кој траеше од 21 јуни, па се до 25 август, општината даде поддршка и за неколку значајни фестивали и настапи на поединци и групи, кои привлекоа посебно внимание кај публиката. За издвојување е концертот на Исмаил Лумановски и групата „Њујорк џипси ол старс“, настапот на групата С.А.Р.С. како дел од младинскиот арт фестивал „Битола отворен град“, „Широк сокак во бело“, Фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови“, Шекспир фестивалот, Интернационалнот детски фестивал „Тра-ла-ла“, Фестивалот на староградска музика, Фестивалот на детски театар „Битолино“, концертот на Камерниот оркестар на Битола, манифестацијата „Незаборав“ и други.

Како новитет во рамките на годинешниот Бит фест беше културната соработката со амбасадите на неколку земји,  преку кои на фестивалот учествуваа уметници од нивните држави. Како плод на оваа соработка, настапија групи, оркестри и поединци од Русија, Австрија, Израел, Франција и Унгарија.

Сите одржани настани во состав на Бит фест оваа година ги исполнија очекувањата на публиката, која во голем број присуствуваше на секој од нив поединечно, што го оправда концептот на квалитативното подобрување на програмата, со помал број содржини и со издржан квалитет.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …