Заврши првиот дел од првенството во пинг понг, прилепски „Младост 96“ есенски првак

Заврши првиот дел од првенството во пинг понг, прилепски „Младост 96“ есенски првак

По одигрувањето на последниот турнир од есенскиот дел на првенството во пинг понг во најсилната лига, екипата на „Младост 96“ од Прилеп со максимален учинок, девет победи од девет одиграни натпревари, неприкосновено го освои првото место. На второто место се наоѓа уште една прилепска екипа, „Младост“, која единствениот пораз во есенската полусезона го забележаа против градскиот ривал. Во последните две кола екипата на „Младост“ забележа минимални победи од 4:3, против директниот конкурент за второто место, штипски „Шампион ФА“ и екипата на „НЕЦ 2“.

Од четвртото до седмото место, потполно изедначени според бодовната состојба, се наоѓаат четири екипи: новиот супер лигаш „Крива Паланка 2007“ е на четвртото место, петтопласиран е „Вардар“, кој после почетните четири порази на почетокот на сезоната, во следните пет кола забележа четири победи, шеста е екипата на „НЕЦ 2“ за кои игра играчот од Србија, Милош Миленковиќ, кој во есенскиот дел од сезоната нема пораз. На седмото место се пласираа пинпонгарите на „Работнички“, „Радовиш“ е осмопласиран со бод повеќе од екипата на „НЕЦ“, а последнопласирана е екипата на „Струга“, која во есенскиот дел не забележа ни една победа.

Важно е да се спомене дека на сите натпревари од петте турнири кои се одиграа во СЦ „Борис Трајковски А1 Арена“, максимално се почитуваа препораките за заштита од Ковид-19.

Натпреварите од Супер лигата продолжуваат напролет.

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …