Завршна манифестација на учениците од СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ за проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Завршна манифестација на учениците од СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ за проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Од почетокот на школската година, СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ од Прилеп, е вклучено во проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, проект со кој наставници од ова училиште активно се вклучени во обуки за спроведување на креативни работилници и „Форум театар“.

По тој повод, денеска во киното „Мис Стон“, учениците од СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, организираа јавен настан насловен како „Прилеп – Град приказна", на кој присуствуваа ученици и наставници од прилепските училишта, како и претставници на Општина Прилеп.

„После спроведената обука, од јануари до мај, наставниците организираа работилници со учениците од нашето училиште. Станува збор за формирана работна група составена од ученици, а која согласно називот на проектот е балансирана од секој аспект – и од етнички аспект, од полова и социјална структура. Сите тие, заедно со наставници и артисти, активно се вклучија во овој „Форум театар“, при што денеска имаме можност да го видиме нивниот завршен продукт, каде ќе се претстават со соодветна драматизација и музички точки. Низ сите нивни настапи провејува приказната за нашиот град, започнувајќи од дамнешни историски и митски личности, па до денес“, истакна Билјана Трајкоска, директорка на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“.

Како што истакна и директорката Трајкоска, младите подготвија финален продукт од нивното повеќемесечно учество во креативни работилници, како дел од Проектот на УСАИД за Меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО). Целта на креативните процеси во коишто беа вклучени младите, е да им се понудат креативни алатки и иновативни пристапи кои ќе придонесат за зајакнување на учеството на младите во меѓуетничкиот дијалог во училишната и пошироката заедница и да ги зголемат граѓанската свест и демократското однесување меѓу младите во државата.

Завршна манифестација на учениците од СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ за проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, е петгодишна иницијатива за зајакнување на меѓуетничката кохезија меѓу младите и развој на демократските и граѓанските однесувања. Преку создавање можности за учениците да се дружат и да соработуваат на разни граѓански иницијативи, проектот негува позитивни интеракции помеѓу етнички разновидната младина на ниво на училиште и заедница.

Проектот го имплементира Македонскиот центар за граѓанско образование, во соработка со Младински образовен форум.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …