Збратимување на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ и Битола и „Мави Tекник“ од Измир, Турција

Збратимување на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ и Битола и „Мави Tекник“ од Измир, Турција

Изминатите неколку денови, делегација на Средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, беше во посета на Измир, Република Турција. Целта на посетата на в.д. директорот Владимир Роме и помошник директорот Тони Панов, беше запознавање со првите луѓе на училиштето „Мави Текник“, а во насока на збратимување на двете училишта.

За време на посетата гостите беа срдечно пречекани, при што ги пренесоа поздравите и пригодните подароци од Битола и градоначалничката Наташа Петровска. Со челните луѓе на училиштето беа разменети информации, мислења и искуства од образовниот систем во двете земји, потенцирајќи ги можностите за соработка и размена на ученици и наставници во наредниот период.

Училиштето „Мави Текник“ е приватно средно училиште, сместено во индустриската зона на Измир, околу кое се наоѓаат многу фабрики и компании. Во него се образуваат околу 900 ученици во неколку образовни профили од електротехничката и машинската струка, во кои се третираат следните области: одржување на воздухоплови, биомедицински уреди, управување на индустриски процеси, компјутерска графика и обновливи извори на енергија. Училиштето работи веќе две години и има одлични ресурси за квалитетна настава.

Кон крајот на мај се очекува возвратна посета на првите луѓе на „Мави Текник“ во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола, за кога е предвидено потпишување на договор за соработка и официјалното збратимување на двете училишта.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …