Здравствен дом Охрид со сопствени средства набави ново возило за Итната медицинска помош. Како што информираат од Министерството за здравство, амбулантното возило е со комплетна медицинска опрема и вкупната вредност на возилото изнесува 4,6 милиони денари.
Медицинските екипи од Охрид се подновени и со ново возило за патронажна служба. За вработените се набавени работни униформи и обувки, а Здравствениот дом Охрид доби и два ЕКГ апарати, стоматолошки стол, стерилизатор, апарати за крвен притисок и поголем број стетоскопи.
Во Здравствениот дом Охрид во изминатиов период се реализирани 16 вработувања, од кои осум се на неопределено време, додека на останатите осум, во периодот што следува ќе им биде трансформиран работниот однос од определено на неопределено време.
Извор: МЕТА