Здружението „Велосипед 2015“ ја реализираше CROSS BORDER BIKE TOUR

Здружението „Велосипед 2015“ ја реализираше CROSS BORDER BIKE TOUR

Општина Прилеп и Здружението на љубители  на ридско – планински активности „ВЕЛОСИПЕД 2015“, со финансиска поддршка од Министерството за економија, викендов што измина  ја реализира велосипедската cross border тура .

Учесниците на турата , членовите на здружението „Велосипед 2015“ и претставници на Општина Прилеп, го посетија Мегленскиот регион при тоа остварувајќи средба со велосипедскиот клуб „АЕРОПОС“ од градот Воден, со претставници на одделението за туризам од градот и со локалното население од населените места каде што помина велосипедскиот караван. Велосипедистите за три дена поминаа околу 200км и ги посетија  следните  населени места од другата страна на границата во Република Грција : Ники, Кели, Веви, Петрос, Аминдио, Агиос Пантелејмонас, Агиос Атанасиос, Арниса, Неа Ксантагија, Панагица, Нисја,  Керасја, Саракиново, Мегаплатанос, Орма, Лутраки, Аридеа, Апсалос, Мавровуни, Оризари, Скидра и Едеса. Целта на овој настан е зближување на населението од двете држави, преку остварување на културна  и спортска размена на искуства.

Во разговорите со претставниците на туристичкото биро на град Воден, при тоа ставајќи акцент на туризмот и меѓусебната културна и спортска соработка на населението од двете страни на границата, договорена е посета на Мариовско – мегленските културни средби и заедничко аплицирање  со проекти за меѓугранична соработка.

Велосипедската cross border tour, беше дел од официјалната Програма на Општина Прилеп за одбележување на 11.Октомври, Денот на народното востание.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …