зеленски

Зеленски ѝ пркоси на Русија, го посети Бахмут, кој украинските сили со недели успешно го бранат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ненајавено го посети градот Бахмут во Донецкиот регион, којшто руските сили веќе десетици недели наназад безуспешно се обидуваат да го заземат, иако станува збор за помало населено место, кое пред војната имаше околу 70.000 жители. Би-би-си јавува дека Зеленски се сретнал со војниците кои го бранат Бахмут и им доделил медали.

Борбите во Украина продолжуваат, заедно со ракетните и артилериските напади врз украинските населени места. Само во изминатово деноноќие во Украина загинале пет цивили, а осум биле повредени како резултат на руската воена агресија врз земјата, пренесува Укринформ. Најголем дел од загинатите и повредените граѓани се од Донецкиот и Херсонскиот регион.

Сепак, ракетирањето на руските сили кон населени места продолжува и во другите украински региони. Кон градови и села во регионот Суми на североистокот од Украина биле извршени 83 ракетни напади во изминатово деноноќие, при што биле погодени Велика Писаривка, Краснополија, Миропилија, Јунакивка, Хотин и Шалухуне, јавува Укринформ.

Руските сили изминатиов ден го продолжија гранатирањето на населени места и во Днипропетровскиот регион, каде што најпогодени се градовите и селата кои се лоцирани на десната страна на реката Днипро, особено градот Никопол кој минатата ноќ бил гаѓан со најмалку 20 проектили, информираат украинските власти.

Инаку, рускиот претседател Владимир Путин по подолг период призна дека ситуацијата во окупираните украински региони е многу тешка. Станува збор за делови од регионите Донецк, Луханск, Запорижја и Херсон, кои Русија ги анектираше во септември годинава. Станува збор за најголемо преземање на територија од странска земја по Втората светска војна, кое од украинските власти и од меѓународната заедница беше прогласено за нелегално, пишува Гардијан.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Германскиот канцелар Шолц

Зошто Шолц не може да распише нови избори како Макрон?

Претседателот на Франција, Емануел Макрон по европските избори распиша вонредни избори за францускиот парламент. Во …