Зеленски

Зеленски: Не прифаќаме руски ултиматуми

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема намера да попушти пред Русија, и покрај продолжувањето на нападите и влошувањето на хуманитарната ситуација. Тој ги повика сонародниците да продолжат да ја бранат земјата.

Украина нема да прифати руски ултиматуми за запирање на војната, изјави украинскиот претседател. Русија ја следи шемата: „Ние поставуваме ултиматум, ова се точките кои вие треба сите да ги исполните, па војната ќе заврши“, изјави Зеленски, истакнувајќи – на овој начин Москва нема да постигне никаков резултат.

Целта на  Русија  е уништување на Украина, руската страна сака да постигне предавање на градовите  Мариупол,  Харков и Киев од Украина, изјави Зеленски, но тоа не можат да го дозволат ниту луѓето во Харков и Мариупол, ниту јас како претседател. „Ќе мора сите да нѐ уништат. Така автоматски ќе се оствари нивниот ултиматум“, порача Зеленски.

За секој компромис, постигнат во преговорите со  Русија,  Зеленски има намера да го консултира украинскиот народ, содржината на евентуален договор може да биде применета само по одржан референдум, истакна Зеленски, без да наведува конкретни прашања.

Во друга видео порака Зеленски ги повика своите сонародници да продолжат со отпорот против  руската војска:  „Борете се заради спас на нашиот народ, борете се и помагајте! Инвазорите мора да бидат протерани за Украина да живее слободно, заедно со сите нас во неа”.

Спречен атентат врз Зеленски?

Украинската антишпионска одбрана во меѓувреме соопшти дека спречила атентат врз претседателот Володимир Зеленски. Група од околу 25 руски саботери, предводена од припадник на тајните служби, е фатена во градот Ужгород, во тромеѓето меѓу Украина, Словачка и Унгарија, јави новинската агенција Униан. Информацијата не може да биде потврдена од независен извор.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …