Зеленски

Зеленски: Подготвени сме за мировни преговори, но не во Белорусија

Украинскиот претседател Володмир Зеленски денеска изјави дека неговата земја е подготвена за мировни преговори со Русија, но не и во Белорусија. Говорејќи во видео порака Зеленски ги наведе Варшава, Братислава, Истанбул, Будимпешта или Баку како алтернативни места.

Тој рече дека се можни и други локации, но јасно стави до знаење дека Украина не ја прифаќа Белорусија.

„Ако немаше агресивна акција од вашата територија, би можеле да разговараме во Минск… другите градови може да се користат како место за разговори“, рече тој.

Претходно денеска Кремљ соопшти дека руска делегација пристигнала во белорускиот град Хомел на разговори со украинските претставници. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека делегацијата вклучува воени претставници и дипломати.

„Руската делегација е подготвена за разговори, а сега ги чекаме Украинците“, рече Песков.

Четврти ден трае руската инвазија врз нејзиниот сосед Украина. Руската војска влезе во вториот по големина град во Украина, Харков.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …