Украина прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор во земјата, со посебен фокус на Киев, додека тековните руски напади продолжуваат да оставаат илјадници жители без струја, пренесува „Би-Би-Си“. Претседателот Володимир Зеленски ја обвини Москва дека намерно ги искористува суровите зимски услови со -20 степени целзиусови, како дел од својата воена стратегија.
Прогласувањето на вонредната состојба доаѓа во време кога неговиот американски колега Доналд Трамп изјави дека ги одложува напорите за постигнување мировен договор за ставање крај на речиси четиригодишната војна со Русија.
Тој изјави вчера дека Украина „е помалку подготвена да постигне договор“ отколку рускиот претседател Владимир Путин. На прашањето зошто мировните преговори сè уште не го решиле конфликтот, Трамп одговори: „Зеленски“.
Се очекува двајцата лидери да присуствуваат на Светскиот економски форум во Швајцарија следната недела, иако Трамп навести дека нема официјални планови тие да се сретнат.
Извор: МЕТА
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место