Доналд Трамп во петокот рече дека „веројатно“ ќе се сретне со Зеленски следната недела, а украинскиот претседател кажа дека ја цени работата со Трамп
Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“.
„Имаше нови напади во оперативните области Курск. Повторно беа донесени руските и севернокорејските војници. Значаен број“ спротивставени трупи биле „уништени“, зборуваме за стотици руски и севернокорејски војници“, рече Зеленски во своето вчерашно обраќање.
Портпаролот на украинската војска една недела претходно изјави дека Киев немал активности или судири со севернокорејските трупи три недели.
Според јужнокорејските и западните разузнавачки служби, Пјонгјанг минатата година испратил повеќе од 10.000 војници во Русија за да ѝ помогнат во борбата против офанзивата на Украина во пограничниот регион.
Доналд Трамп во петокот рече дека „веројатно“ ќе се сретне со Зеленски следната недела, а украинскиот претседател кажа дека ја цени работата со Трамп. Американскиот претседател, прашан од новинарите во Белата куќа дали таква средба ќе биде во Вашингтон, одговори дека може да биде Вашингтон, но не во Киев.