Зеленски рече дека на Украина и треба праведен и силен мир
Минатата недела Русија употреби речиси 500 воздушни бомби, повеќе од 400 беспилотни летала и речиси 20 проектили од различен тип против Украина, информираше претседателот Володимир Зеленски, пишува Укринформ.
„Нашите градови трпат постојани терористички напади. Секој ден, бранителите на нашето небо се борат против рускиот терор. Само во изминатата недела, Русија лансираше речиси 500 воздушни бомби, над 400 нападни беспилотни летала и речиси 20 разни видови проектили против Украина“, напиша Зеленски на социјалните мрежи и сподели видеото од нападите.
Тој повика тероророт што го трпат украинците да не се гледа како проблем на една нација и побара заедничка акција од сите кои го ценат животот, во Европа, САД и ширум светот. Зеленски рече дека на Украина и треба праведен и силен мир, а кога станува збор за Русија, мора да постојат ефективни гаранции за мир.