Земјоделците од Прилепскиот регион – активни корисници на владините мерки

Со цел да се увери во начинот на кој се спроведуваат владините мерки во земјоделството, градоначалникот Илија Јованоски посети неколку земјоделски семејства во населените места во општина Прилеп.

После средбите со земјоделците, Јованоски вели дека може да се заклучи дека земјоделците често ја користат можноста да дојдат до грантовите кои ги доделува Владата, што во голема мера им помага во извршувањето на земјоделските работи.

„Оваа година неповратните средства кои им се доделија на младите земјоделци беа во висина од 10.000 евра, средства наменети за купување на работни машини, земјоделска и приклучна механизација. За следната година, висината на средствата кои ги доделува Владата ќе изнесува 20.000 евра, што во голема мера ќе им биде од корист на младите земјоделци на кои ќе им биде олеснета работата, а истовремено ќе придонесе и за зголемување на производството“, истакна Јованоски.

Кире Богоески, земјоделец и сточар од с.Чепигово, обработува десетина хектари земја, заради што имал потреба од земјоделска механизација. Со аплицирањето на огласот за млад земјоделец, добил трактор.

„Со тоа многу ми се олесна работата, така што се надевам дека оваа мерка ќе продолжи и во иднина, дека ќе биде уште повисока и дека ќе има уште поголем број на млади земјоделци кои ќе добиваат ваква или слична помош. Тоа ќе придонесе за развој на земјоделието и за поголем пласман на производите како дома, така и надвор, да бидеме конкурентни на пазарот и станеме лидери, први во регионот“, вели Богоески.

Каролина Ристеска е жена земјоделец од с.Мало Коњари, чие семејство брои 7 членови и кое што произведува различни видови на земјоделски производи.

„Ние сме седумчлено семејство, произведуваме од се’ по нешто: тутун, житарици, сончоглед и секаков друг вид на земјоделски производи. Задоволни сме од субвенциите за тутунот и со другите субвенции, како и од семенскиот материјаш што го добиваме за сеење на житните култури“, напоменува Ристеска.

Зоран Пачешкоски, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство – Прилеп, истакна дека е задоволен од фактот што мерките на Владата се користат на правилен начин и што средствата завршуваат кај вистинските земјоделци. Пачешкоски потсети на јавниот повик кој е во тек, а со кој со 3.000 евра неповратни средства се субвенционираат жените кои се занимаваат со земјоделие, а упати и апел до граѓаните кои се занимаваат со земјоделие да појдат во Подрачната единица на Министерството и да ги подигнат картичките за „зелена нафта“.

Прочитајте повеќе

мицкоски

СДСМ: Мицкоски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

Соопштение за јавност на СДСМ Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола …