Земјотрес

Земјотрес во Косово почувствуван и во Македонија

Епицентарот се наоѓа на територијата на Р. Косово, 36 km северозападно од Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на РСМ, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје претпладнево, 17.12.2024 година, во 11 часот и 41 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа на територијата на Р. Косово, 36 km северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда M L 3.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Прочитајте повеќе

Кривичниот суд ги ослободи Драган Павловиќ-Латас и Стефан Лазаров за подкастот во кој се исмеваше силување

Кривичниот суд ги ослободи Драган Павловиќ-Латас и Стефан Лазаров за подкастот во кој се исмеваше силување

Кривичниот суд Скопје ги ослободи Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров, во чиј подкаст гостинот …