Земјотреси се случиле утрово близу Штип и Струмица

Земјотреси се случиле утрово близу Штип и Струмица

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, рано уутрово 26.04.2023 година регистрирала два земјотреса, од кои првиот 120 км. југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Струмица, а вториот на 70 км. југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, првиот земјотрес се случи во 4.55 часот, имал Рихтерова локална магнитуда ML2.2 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и бил почувствуван од населението во Струмица и околината.

Вториот земјотрес, меѓу Свети Николе и Штип, се случил во 6.32 часот, имал Рихтерова локална магнитуда ML2.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и е почувствуван од населението во Штип и околината.

Прочитајте повеќе

РКЕ разгледува нов модел за евтина тарифа на струјата

РКЕ разгледува нов модел за евтина тарифа на струјата

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) подготвува анализа на постојниот моделна блок-тарифи и евтината тарифа за …