Во текот на изминатата вечер во охридското епицентрално подрачје биле почувствувани два земјотреси со јачина од 3,7 и 3,6 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот со јачина од 3,6 степени е регистриран во 22.52 часот, а тој со јачина од 3,7 степени бил во 21.31 часот.

Во текот на ноќта во Охридскиот Регион не биле почувствувани посилни земјотреси. Сеизмолошката опсерваторија соопшти дека биле регистрирани неколку послаби со магнитуда од 2 и 3 степени.

Во последните 20 дена, Охрид и околината ги погодија повеќе од 1.000 земјотреси. Немирното тло внесе страв и паника како кај охриѓани, така и кај туристите.

Извор: МЕТА