Земјотресот во Хрватска превентивно го запре работењето на нуклеарката Кршко

Земјотресот во Хрватска превентивно го запре работењето на нуклеарката Кршко

Силниот земјотрес што во вторникот ја погоди Хрватска, се почувствува и во Словенија и поради тоа беше превентивно прекинато работењето на нуклеарната централа Кршко, пишува деловниот портал Сибиз.еу (SEE.biz.eu)

Земјотресот со јачина од 6,2  степени според Рихтер, во 12 часот и 20 минути го погоди порачјето на Петриње и го затресе остатокот од територијата на Хрватска, а се почувствува и на терториите во другите соседни држави.

Нуклеарката Кршко сопре со работа според вообичаената постапка во случај на посилни природни несреќи, наведува Сибиз.еу. Електраната е изградена на принципот да биде отпорна на многу појаки земјотреси од оние кои досега се забележани во Хрватска и во Словенија.

Нејзината конструкција може да издржи удар од 7,9 степени по Рихтер, колку што изнесуваше најголемиот потрес на подрачјето на денешна Словенија, оној од околината на Идрија, во 1511 година. Уште еден силен потрес се случи во 1917 година во близина на Кршко, кај Брежиќ, со јачина од 5,7 степени.

Обезбедувањето на нуклеарката Кршко во случај на земјотреси допонително е зголемено по несреќата на нуклеарната централа во јапонскиот град Фукушима во 2011 година. Во случај земјотресот да го загрози работењето на нуклеарката Кршко, таа може рачно или автоматски да се исклучи во рок од само неколку секунди.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Светските лидери го осудија големиот ирански напад врз Израел, а многу Иранци се загрижени дека …