Денеска во седиштето на УЕФА во Нион се одржа ждрепката за четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите.

Легендарниот Жулио Цезар кој е амбасадор на финалето и  кој беше задолжен за ждребувањето донесе една мега пресметки во четвртфиналната фаза.

Некогашните финалисти од 2009 и 2011, Манчестер Јунајтед и Барселона ќе се соочат во најинтересната пресметка во оваа фаза од натпреварувањето.

Ливерпул го доби најпосакуваниот ривал во оваа фаза, Порто, за кој се цени дека е најслабиот во оваа конкуренција, додека Јувентус ќе игра против холандскиот Ајакс.  Во четвртфиналето ќе гледаме има и една „премиерлигашка пресметка“ помеѓу Тотенхем и Манчестер Сити.

Првите натпревари на програмата се закажани за 9. и 10. април, додека реванш средбите ќе бидат одиграни на 16. и 17. април.

Точните термини се очекуваат наскоро, бидејќи не е возможно Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед да бидат домаќини во иста вечер, поради што ќе мора да се прилагодат термините на одигрување.