Железници – инфраструктура подготвена да биде носител на проектот за воз до аеродромот

Железници – инфраструктура подготвена да биде носител на проектот за воз до аеродромот

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на РСМ е подготвено да биде носител на проектот за поврзување со воз на Меѓународниот аеродром Скопје. Од таму за „Мета.мк“ велат дека идејата за воведување на воз до аеродромот е разгледана уште пред 20 – тина години.

Во консултација со владата и со ресорното министерство, најпрво треба да се обезбедат финансиски средства за изработка на физибилити студија, идеен проект и главен проект за железничкото поврзување на постојната пруга Скопје – Куманово со аеродромот. Заедно со подготвителните работи кои вклучуваат експропријација на земјиштето, целокупната постапка би можела да се направи за една година, сметаат од јавното претпријатие.

– Нашето стручно мислење е дека одвојувањето на железничкиот крак кон Аеродромот Скопје треба да биде од влезното свртничко грло на станица Илинден, заради поголема безбедност со оглед на фактот што со ставање во функција овој крак ќе има поголема фреквенција – велат од ЈП за железничка инфраструктура.

Должината на предложениот железнички крак од станица Илинден до самиот аеродром би изнесувала околу 6,5 километри. Сепак, за реализацијата на проектот најпрво треба да се обезбедат средства за изработка на документацијата, коишто владата допрва ќе ги бара од меѓународните финансиски институции.

Според Националната транспортна стратегија за периодот 2018 – 2030 година, земјава би требало да инвестира 30 милиони евра во железничкото поврзување на Меѓународниот аеродром Скопје. Со тоа би се обезбедила можност за воведување на аеродромски воз, со кој од центарот на Скопје би се стигнувало двојно побрзо и до четири пати поевтино во споредба со постојната автобуска линија.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …