Мобилен телефон

Жител на струшко Велешта обвинет за производство и дистрибуција на детска порнографија

На два мобилни телефона, преку апликациите за комуникација Сигнал, Вајбер, Енигма, Телеграм и други, обвинетиот се приклучувал во затворени групи во кои членувале лица од повеќе земји во светот

Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинение против 38-годишник од селото Велешта за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.

Тој е обвинет за продолжено извршување на кривичното дело, бидејќи во периодот од ноември минатата година до мај годинава пренесувал и нудел детска порнографија преку компјутерски систем.

На два мобилни телефона, преку апликациите за комуникација Сигнал, Вајбер, Енигма, Телеграм и други, обвинетиот се приклучувал во затворени групи во кои членувале лица од повеќе земји во светот.

Во групите чии имиња сами по себе упатувале дека се наменети за ширење детска порнографија, но и во директна комуникација со приватни профили, обвинетиот споделувал, испраќал и примал фотографии и видеоматеријали кои очигледно прикажувале полови дејствија со малолетни лица или со лица кои изгледале како малолетници.

Вакви видеа и фотографии поседувал и во мобилните телефони и тие биле пронајдени кога уредите му биле одземени при извршениот претрес.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Струга достави и посебен предлог со кој побара на обвинетиот да му биде продолжена определената мерка притвор, како и да му бидат одземени мобилните телефони како средство употребено за извршување на кривичното дело.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Еко-автобусите што ЕУ ги донираше на Скопје речиси два месеци паркирани во депото на ЈСП

Еко-автобусите што ЕУ ги донираше на Скопје речиси два месеци паркирани во депото на ЈСП

Најпрво причина за доцнењето на шесте нови еко-автобуси беше згрешен број на шасија, а сега …