Жителите на Канатларци ги добија првите картички за „Зелена нафта“

Жителите на Канатларци ги добија првите картички за „Зелена нафта“

Градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Советот на општина Прилеп, Миле Талевски, заедно со претставници на подрачното одделение на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска во населеното место Канатларци ги поделија првите картички за „Зелена нафта“.

„Ова е голем проект, бидејќи за прв пат во историјата на македонското земјоделство се доделуваат субвенции од овој тип ‘Зелена нафта’ за потребите на земјоделците. Денес сме во Канатларци со цел да ги доделиме ваучерите за ‘Зелена нафта’.  Она што ќе го добијат земјоделците, се однесува на гориво за земјоделската механизација што ќе им биде од корист, бидејќи оние дополнителни средства кои ќе им останат од буџетот ќе можат да ги искористат за да ја зголемат својата конкурентност на пазарот“, истакна градоначалникот Јованоски.

За владината мерката за поевтино гориво за механизацијата обезбедени се 200 милиони денари, а треба да бидат поделени 55.000 картички. Со реализација на оваа мерка, предвидено е државата да покрие 30 отсто од трошоците за нафта на земјоделците кои одгледуваат градинарски и полјоделски култури, лозови и овошни насади.

„Земјоделците ќе имаат покривање на трошоците од 30 отсто за нафтата што ја користат за обработка на земјоделските површини. Во Прилеп се опфатени околу 2.000 земјоделци, за што се предвидени над 5.000.000 денари“, истакна Зоран Пачешкоски, раководител на подрачното одделение на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Пачешкоски потенцираше дека земјоделците своите картички за „Зелена нафта“ можат да ги подигаат секој работен ден од 08.00 часот до 16.00 часот во просториите на подрачното одделение на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, соба број 22. Воедно, сите оние кои се’ уште не го подмириле долгот за закуп на државно земјоделско земјиште, треба да постапат согласно договорите за закуп.

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …