Жребањето за хуманитарниот турнир „Свети Никола“ќе се одржи на 7 декември во Општина Прилеп

Жребањето за хуманитарниот турнир „Свети Никола“ќе се одржи на 7 декември во Општина Прилеп

Ве известуваме дека поради големиот интерес за пријавување ќе биде одложен датумот на жребањето и почетокот на хуманитарниот  турнир, што по повод патронот на градот „Свети Никола“ традиционално по 8 пат се одржува во Прилеп, во организација на Општина Прилеп и „Локалниот спортски сојуз-Прилеп“.

Жрепката ќе се одржи на 7 декември (петок) во големата сала со почеток во 18 часот.

Турнирот ќе започне на 9 декември  (недела) во Универзалната сала во Прилеп.

Средствата од овој турнир ќе бидат наменети за лицата со ретки болести и цистрична фиброза.

Прочитајте повеќе

цук пожари

Во изминатото деноноќие регистрирани 22 пожари на отворено, осум сè уште се активни

Вкупно 22 пожари на отворено биле евидентирани во последното деноноќие, а од нив утрово се …