Со Одлука на Владата на Република Македонија, машинскиот инженер Златко Граороски е именуван за генерален и прв извршен директор на „11.Октомври-Еурокомпозит“ АД Прилеп.
„Заложбите се во правец на изнаоѓање конечни решенија за оваа прилепска компанија со околу 240 вработени. За почеток ќе ја скенираме детално состојата, за да се добие комплетна слика за компанијата, а потоа ни претстојат конкретни задачи“, изјави директорот Граороски.
„11.Октомври-Еурокомпозит“ АД Прилеп е единствена фабрика за наменско производство, со целосно државен капитал. Вработените во овој прилепски загубар бараат со години конечно решавање на својот и статусот на фирмата.