Градина

ЗЛАТКО ТАЛЕСКИ: Со стар пропаднат проект и мост од 2 милиона евра на улица која не води никаде, ДПМНЕ ги манипулира прилепчани

Изјава на Златко Талески, дипл. инженер архитект, кандидат на СДСМ и Коалицијата за член на Советот на општина Прилеп

Вчерашната изјава на Дејан Проданоски за наводна реализација на проектот „Градина“, е тешка манипулација која нема допирна точка со реалноста.

Во целата своја безидејност, Проданоски и ДПМНЕ од нафталин вадат веќе слушнат и понуден проект стар 15-ина години, кој доживеа целосно фијаско.

И тогаш како и сега, ДПМНЕ ветуваше нова населба за 14.000 жители, со модерна инфраструктура, детски градинки, училишта, трговски центри, паркови и слично.

Од сето ова, на огромниот простор се изгради само една единствена индивидуална куќа без никаква инфраструктура, како споменик на големата лага на ДПМНЕ, се’ останато е празна ливада.

Дополнително, како доскорешен претседател на општинскиот Совет Проданоски би требало да знае дека и по негова вина Прилеп е останат без важечки Генерален урбанистички план.

Истовремено, со пари од унгарскиот кредит локалната власт побрза да го реализира проектот на улица „Победа“ која предвидува рушење на постоечки објекти и одземање на дел од дворните места, за изградба на обиколница за камионите со мермер.

Проектот предвидува изградба на мост од 2 милиони евра, 3 пати поскап од мостот кај „Сточен пазар“. Апсурдот да биде поголем, улицата нема поврзување со патот кон вештачкото езеро, односно станува збор за слепа улица долга 380 метра, која завршува среде ливада.

РЕЗИМЕ: Жителите незадоволни, парите од унгарскиот кредит кој ќе го враќаат и идните поколенија ќе се потрошат за слепа улица која никогаш нема да се реализира!

Прочитајте повеќе

Протести во Белград, граѓаните и студентите не дозволуваат рушење на зградата на Генералштабот

Протести во Белград, граѓаните и студентите не дозволуваат рушење на зградата на Генералштабот

Денес, студенти од неколку белградски факултети и иницијативата Ансамбл на Генералштабот одржуваат протест пред зградата …