Играчот на Реал Мадрид и на репрезентацијата на Франција, Карим Бензема е добитник на „Златната топка“ за 2022 година. Наградата му ја предаде неговиот сонародник, Зинедин Зидан.
Во женска конкуренција, „Златната топка“ ја доби фудбалерката на Барселона, Алексија Путељас, а најдобар фудбалер до 21 година е играчот на Барселона, Гави.
Наградата „Лав Јашин“ за најдобар голман ја доби Тибо Куртоа, а Роберт Левандовски е добитник на наградата „Герд Милер“ за најдобар напаѓач.
Садио Мане е првиот фудбалер во историјата кој ја доби наградата „Сократес“,, за придонес на фудбалер во заедницата,
За најдобар клуб беше прогласен Манчестер Сити, што воедно беше и единственото изненадување на вечерта, со оглед на тоа што се очекуваше дека оваа награда ќе му припадне на Реал Мадрид како освојувач на двојната круна – Лигата на шампиони и Примера.