Знамето на Општина Делчево се развеа на Јулијските Алпи

Знамето на Општина Делчево се развеа на Јулијските Алпи

Претставникот од ПСК „Голак“ од Делчево, Љупчо Чучуковски кој беше дел од експедицијата „Трилогија Алпи 2019“ ги развеја општинското и македонското знаме на највисоките врвови на Алпите.

Осумчлената делегација ги освоила врвовите: ТРИГЛАВ 2864 м.н.в. на масивот ЈУЛИСКИ АЛПИ во Словенија, потоа врвот ГРАНД ПАРАДИЗО 4061 м.н.в. на масивот ГРЕЈСКИ АЛПИ во Италија и врвот ЗУМСТЕИН 4563 м.н.в. кој се наоѓа на масивот ВАЛЕСАНСКИ АЛПИ (МОНТЕ РОСА) во Швајцарија.
Чучуковски истакна дека бил дел од една прекрасна алпска трилогија.

Изминатите 10 дена, бев дел од 8 члената експедиција за искачување врвови на три различни масиви на АЛПИТЕ. Експедицијата беше организирана од Макпетрол Скопје (Со главен водич Петар Герасимов) со кое Друшто имам повеќегодишна соработка, додека експедицијата беше составена од искусни високогорци од Скопје, од Куманово, од Струга и од Делчево.. Техничкиот дел на патеките беше различен. Се поминуваше по камењари, по сипари, по ВИА ФЕРАТА, по глечери, по снежни површини, се одеше во наврска со цепини и дерези,по најразлични временски услови. Голем предизвик и една прекрасна  алпска трилогија, рече Чучуковски.

Прочитајте повеќе

До Солун со 200 километри на час, за 2,5 милијарди евра

До Солун со 200 километри на час, за 2,5 милијарди евра

Проценките се дека брза пруга би чинела до 2,5 милијарди евра, а за да биде …