кривичен суд

Зоран Милевски – Кичеец од судот добил упатен акт да оди во затвор за случајот „Рекет“

Еден од осудените во случајот „Рекет“, Зоран Милевски – Кичеец добил упатен акт и датум од Кривичен суд кога и во кој затвор да се појави за да ја издржи затворската казна од три години.

Кривичен суд не го открива точниот датум која тој треба да се јави во затвор. Милевски има можност да бара одлагање на одењето во затвор согласно Законот за изршување санкции.

Милевски беше осуден на три години затвор, откако призна вина за случајот „Рекет“ во кој осудени се и Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

насилство насилник

Сѐ повеќе жени и деца жртви на насилство, а нема доволно места да се засолнат

Малолетничка била сексуално злоставувана од својот очув, па немајќи кому друг, ѝ се доверила на …