ЗВРО: Со членството во НАТО, иднината на Македонија е сигурна

ЗВРО: Со членството во НАТО, иднината на Македонија е сигурна

 Прес конференција на Рубин Секулоски  – Коалиција „Заедно ЗА европска Македонија“:

Почитувани граѓани на Општина Прилеп,

Со членството во НАТО, иднината на Македонија е сигурна.

Како рамноправна 30-та земја членка во најсилниот сојуз на светот, признаена, со право на глас и одлука, дефинитивно обезбедуваме сигурност, стабилност и цврсти граници за безбедна иднина на нашите деца!

Со влезот во НАТО влегуваме во безбедносен штит на најмoќниот воен сојуз во светот и трајно ќе ги заштитиме нашите граници и територија.

Ние членовите на Здружението на воени резервни обврзници (ЗВРО) учесници во конфликтот 2001/2002, точно знаеме што значи да ги браниш границите на државата.

Не сакаме никогаш повеќе да биде загрозен територијалниот интегритет и стабилноста на Македонија.

Затоа сметаме дека влезот во НАТО е приоритет и шанса што не смееме да ја пропуштиме и се приклучуваме на коалицијата ЗА европска Македонија.

НАТО е најсилниот безбедносен сојуз во светот. Тоа е семејство чии членови кои што се штитат едни со други и градат заедничка безбедност.

Европската Унија е семејство на народи, каде што земјите си помагаат една на друга и создаваат економски придобивки за секоја земја членка на семејството.

За сигурна иднината за нашите деца и млади, ние треба да се придружиме на овие семејства.

Повикуваме на масовно, граѓанско и надпартиско обединување за влез на Македонија во ЕУ и НАТО.

Почитувани сограѓани, светот ја поддржува Македонија, но одговорноста е наша.

На 30-ти септември гласаат граѓаните на Македонија, не гласа светот.

За 10 дена од сега, да излеземе на референдумот и бидеме генерацијата што  обезбедила трајна сигурност, стабилност и подобра иднина за Македонија.

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …