Притворени Вељаноски, Ристоски и Јанакиески за организирање на настаните од 27 април

Притворени Вељаноски, Ристоски и Јанакиески за организирање на настаните од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието ,Трајко Вељаноски како и екс министрите во Владата на Никола Груевски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, денеска се приведени по налог на Обвинителството за организиран криминал и изведени се пред судија на претходна постапка за насилните протести на 27 април 2017 година во Собранието. Од извори од обвинителството се дознава дека се трага по поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во егзил во Унгарија и по поранешниот разузнавач Никола Бошковски кој бара азил во Грција.

За време на судскиот процес, Никола Груевски беше посочен како организатор на протестите, што во завршните зборови го кажа и обвинителката Вилма Рускоска, повикувајќи се на изјава на заштитен сведок.

Прочитајте повеќе

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Имам добиено извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за …