Денеска студено со повремени врнежи од снег

Денеска студено со повремени врнежи од снег

Во нашата држава времето денеска ќе биде облачно и студено, со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен, а претпладне на места и силен северен и североисточен ветер што ќе предизвика и појава на снежни наноси. Кон крајот на денот, почнувајќи од север, облачноста ќе се намалува.

Дневната температура ќе се движи од -6 до 3 степени Целзиусови.

Во текот на ноќта, сабота спроти недела, ќе биде студено, со температура од -10 степени Целзиусови. Во недела не’ очекува сончево време со мала облачност и умерен северен ветер.Максималната температура ќе достигне 5 степени над нулата.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …