Просечната исплатена нето-плата во февруари изнесувала 24.192 денари

Просечната исплатена нето-плата во февруари изнесувала 24.192 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари изнесувала 24.192 денари, а бруто-платата 35.901 денар објави Државниот завод за статистика.

Во февруари годинава има зголемување од 4,5 проценти во однос на истиот месец лани.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите дејности на здравствена и социјална заштита (11,6 проценти), транспорт и складирање (10 проценти) и земјоделство, шумарство и рибарство (8,5 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите рударство и вадење на камен (10,3 проценти), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (10 проценти) и транспорт и складирање (шест проценти).

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Народна банка

Народна банка обезбеди стабилност на денарот, инфлациските движења и банкарскиот сектор

Народната банка води соодветни политики, кои придонесоа за стабилизација на инфлацијата, курсот на денарот и …