Денеска со почеток во 18.00 часот, Владата ќе ја одржи својата редовна 157 седница на која ќе биде разгледан и усвоен дополнетиот Предлог за ребаланс на Буџетот, со измените усвоени во расправата во Собранието на Република Северна Македонија.
На оваа седница министрите во Владата ќе се изјаснат и за Предлог – закон за енергетска ефикасност, кој на дневниот ред доаѓа како предлог на Министерството за економија.