Нови контејнери за ЈКП „Комуна“ од Крушево

Нови контејнери за ЈКП „Комуна“ од Крушево

Општина Крушево доби 7 нови контејнери со кои ќе ја подобрува јавната чистота и со кои дополнително го опреми јавното комунално претпријатие.

„Преку проект на здружението ‘Добредојде Macedonia Welcome Center’, организираме голема акција за чистење и преку Словачката амбасада добивме 7 нови контејнери. Работиме активно на јавната чистота, како со опремување на ЈКП ‘Комуна’, така и со подигање на свеста кај граѓаните“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Контејнерите се набавени преку амбасадата на Словачка и нивната програма Slovakia Aid, чија цел е подобрување на јавната хигиена во општина Крушево. Проектот се спроведува под мотото „За чисто Крушево“, а го реализира здружението „Добредојдовте Macedonia Welcome Center“.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …