Падна договор: Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април 2020 година

Падна договор: Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април 2020 година

Заврши лидерската средба во вилата Водно, после која премиерот Заев изјави дека политичките лидери се договориле за одржување на предвремени избори на 12 април, додека формирањето на техничка влада според Пржинскиот договор, ќе биде на 3 јануари.

Лидерите на шесте политички партии се договориле дека прво треба да се исполни стратегиската цел на земјата, а тоа е завршување на формалното пристапување во НАТО:

„Нашиот предлог беше 22 или 23 декември, за брзо време кога не се случува ништо драматично. Имаше реакции од присутните, особено од опозицијата. Потоа ги разгледувавме другите опции и утврдивме дека пред велигденските празници, 12 април е датумот кој најмногу одговара. Постигнавме консензус. Нека ни е со среќа на сите“, рече премиерот Заев.

Прочитајте повеќе

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Имам добиено извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за …