СДСМ

СДСМ: Законот за поголеми плати за наставниците во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ да прекине со блокадите

Соопштение за јавност на СДСМ

Во Собранието продолжува дискусијата за Предлог Законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование.

Ова законско решение предвидува зголемување на платите на сите наставници и стручни соработници во основното и средното образование со раст на минималната плата.

Овој Закон предвидува сигурно и квалитетно решение за работниот однос на над 4.700 наставници кои работат со години, а не можат да го трансферираат работниот однос, бидејќи предаваат во повеќе училишта или предаваат изборни предмети.

Со законот покажуваме дека соодветно го вреднуваме трудот на наставниците и стручните соработници кои предаваат во комбинирани паралелки, во паралелки со деца со попреченост или имаат дополнителни задолженија.

Цела година пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го блокираа Законот и работеа на штета на наставниците, кои поради ваквиот нечесен и неодговорен однос цела година земаат пониски плати.

Со оглед на тоа дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ такво решение доставија во собраниска процедура, со што признаа дека се работи за добар закон, треба да престанат со блокадите, да бидат конструктивни и конечно да почнат да работат во интерес на граѓаните.

Прочитајте повеќе

Битиќи за Слободен печат: Политичките партии кои немаат понуда за граѓаните се враќаат на национализмот

Битиќи за Слободен печат: Политичките партии кои немаат понуда за граѓаните се враќаат на национализмот

„Политичките партии кои немаат понуда за граѓаните се враќаат на национализам, зашто тоа е најлесно. …