Крушево

Во Крушево продолжуваат врнежите од снег, комуналците во континуитет работат на чистење на улиците

Снегот во Крушево не престана да паѓа ниту денеска, што беше причина ЈП „Комуна“ да продолжи со континуирано расчистување на улиците и да овозможи безбедно движење на моторните возила но и пешаците.

Со ровокопач се расчистуваат поголемите улици во градот, а се чистат скалите кои од центарот на Крушево, односно од градскиот плоштад „Никола Мартиновски“, водат до градскиот парк.

„И денеска продолжуваме со работа затоа што снегот врне од утрово. Улиците се проодни и тековно се чистат, а се оспособува пристапот во центарот на градот. Сите пријави и информации граѓаните да ги доставуваат до нас“, вели вд директорката на ЈП „ Комуна“, Станка Ефремова Трајкоска.

Прочитајте повеќе

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Имам добиено извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за …