ААВМУ: Прекршочна пријава против ТВ Ирис, заради неизбалансирано известување на предвремените избори во Штип

ААВМУ: Прекршочна пријава против ТВ Ирис, заради неизбалансирано известување на предвремените избори во Штип

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) констатирала дека телевизија Ирис го прекршила членот 75, став 1 од Изборниот законик и оттука предлага да се покрене прекршочна постапка против овој медиум.

„Радиодифузерот при известување за време на изборната кампања за Предвремените избори за градоначалник на Општина Пласница и на Општина Штип 2020 година, не обезбеди избалансирано покривање на изборниот процес во дневно-информативните емосии во согласнот со принципот на еднаквост за сите кандидати за градоначалници. Структурата на директни обраќања во вестите го одразува концептот на ТВ Ирис да известува доминантно за кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ, Сашко Николов кој добил најмногу можности за директни обраќања од 26 минути и 5 секунди што е околу две петини од вкупното време за директни обраќања во Вестите и е далеку повеќе од кој било друго субјект од сите анализирани прилози,“ се вели во Извештајот на ААВМУ за надзорот на изборното медиумско претставување на ТВ Ирис, во периодот од 21 ноември до 10 декември.

Во него се додава дека „наместо да известува за активностите на сите кандидати за градоначалници-учесници во изборната кампања за локални избори во Општина Штип, информираше за активностите само на двајца од вкупно пет учесници и воопшто не извести за тројца од кандидатите за градоначалник, со што и ја ускрати на својата публика можноста да се запознае со целовитоста на изборната понуда.“

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Град Скопје: Фирма без соодветни документи и дозвола монтира панорамско тркало пред „Борис Трајковски“

Град Скопје: Фирма без соодветни документи и дозвола монтира панорамско тркало пред „Борис Трајковски“

Од Град Скопје ги повикуваат надлежните да постапат во најкус можен рок, бидејќи „се доведува …