АМСМ: Заради обилни врнежи од снег, забранет сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар

АМСМ: Заради обилни врнежи од снег, забранет сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар

Информација на АМСМ за состојбата на патиштата:

Поради врнежи од снег, утринава е воведена забрана за сообраќај на тешки моторни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Врнежи од снег има во јужниот и југозападниот дел на земјата, во Маврово и Смојмирово.

Од „Стентон градба“ ДОО известуваат за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1, делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради отпочнување со градежни активности на 28.02.2022 година, а во врска со проектот „Рехабилитација на државен пат А1 делница Фариш-Прилеп“ и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …