БИТ ФЕСТ: „Жени“ – вистински приказни од секојдневието

БИТ ФЕСТ: „Жени“ – вистински приказни од секојдневието

Синоќа на сцената во Интимниот театар во Битола, во рамките на БИТ ФЕСР, се одржа перформансот „Жени“, во кој пет храбри жени зборуваа за нивната борба со ракот на дојка. Во настанот учествуваа жени кои што го преживеале и надминале овој проблем, како и жени кои што во моментов се борат со оваа опака болест. Вистинска храброст и доблест е да се сподели личното искуство, траумите и болките кои што се преживуваат во текот на справувањето со ракот како од личен аспект, така и од аспект на преживувањето на своите најблиски. Токму тоа и’ се случи во Битола, благодарејќи им на храбрите жени, кои ги пренесоа своите искуства во јавноста.

Во рамките на БИТ ФЕСТ, денеска ќе се одржат следните настани:

 – Промоција на книга „Влијанието на границата врз животот и народната култура на „нашинците“ од македонско-албанското пограничје (1919-2009)“
19:00ч. мала сала НУ ЗМГ
 – Слики, графики и скулптури „Мал формат“
20:00ч. Ликовен салон ДЛУБ
 – Широк Сокак во бело
21.00ч. Широк Сокак
ДЈ Рикардо
ДЈ Јошевски
Владо Јаневски – клавијатура Влатко Плевнеш

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …