БИТОЛА: АСФАЛТ ЗА ДВЕ УЛИЦИ ВО ДОЛНО ОРИЗАРИ

БИТОЛА: АСФАЛТ ЗА ДВЕ УЛИЦИ ВО ДОЛНО ОРИЗАРИ

Нови две улици во Долно Оризари, 9-та и 17-та, во должина од 335 метри добиваат асфалт. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 1.860.000 денари.

Претходно, ЈКП „Водовод“ менуваше водоводни приклучоци во 5 улици, зафат вреден 324.000 денари, а КЈП „Нискоградба“ работеше на подигнување на шахтите и поставување нови капаци во вредност од 480.000 денари. Проектот го реализира Општина Битола, а администрирањето се врши преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, изврши увид во градежните активности, при што се сретна и со дел од локалното население, кое искажа благодарност затоа што после 40 години, некој се сетил и на нив.

Со овие активности, до овој момент, локалната самоуправа и градоначалничката Петровска во Долно Оризари имаат инвестирано околу 6,5 милиони денари, во вкупна површина од над 2.700 квадратни метри.

Од Општина Битола информираат дека во тек е постапка за реконструкција на нови 7 улици во Долно Оризари.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …