Бочварски: Финансиска помош и повеќе транспортни дозволи за транспортерите

Бочварски: Финансиска помош и повеќе транспортни дозволи за транспортерите

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски присуствуваше на 15-от традиционален собир на транспортери во организација на Асоцијацијата Макам Транс.

Министерот во своето обраќање го нагласи пакетот финанскиска помош за компаниите како дел од четвртиот сет нa економски мерки, потенцирајќи дека мерките се носат за да им се олесни работата на транспортните компании во време на Ковид кризата.

“Продолжуваме со поддршката за исплата на плати, која важи и за последниот квартал од годината, односно и за месеците октомври, ноември и декември. Поддршката ќе биде одредена според намалувањето на приходите кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари. Би сакал да информирам дека на предлог на Министерството за транспорт и врски, ќе се изврши пролонгирање на важноста на лиценците за плус една година дополнително без надомест. Ова сметаме дека е многу важно за да ги намалиме трошоците” , истакна министерот Бочварски.

Тој информираше дека за 2021 година, според квотата на базни дозволи со кои располага Министерството за транспорт и врски обезбедени се 1440 годишни дозволи за возила со Евро 6 стандард и 2280 месечни дозволи за возила со Евро 5 стандард.

“ И уште една работа за која сакам да се осврнам е тоа што во соработка со вашата Асоцијација прифативме измена на Уредбата која е во владина процедура и која го решева моментот на нераспределани годишни дозволи. И во наредниот период заеднички ќе продолжиме да работиме, веќе разговаравме да формираме работна група, во која учество ќе земат и заинтересираните асоцијации од областа на превозот на патници и превозот на стока и заеднички ќе пристапиме кон изменување на законската и подзаконската регулатива во овие области”, се обрати министерот Бочварски пред присутните транспортери.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …