Честитка на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, по повод Денот на независноста

Честитка на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, по повод Денот на независноста

Честитка на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, по повод Денот на независноста на нашата држава, 8.Септември:

Почитувани граѓани,

Сонот за самостојна и независна македонска држава, вековниот стремеж за кој животот го положија илјадници борци и патриоти, стана јаве на 8 септември 1991 година.

Преку јасно изразената рефендумска волја на граѓаните за своја суверена држава, го исполнивме аманетот на нашите славни предци и се обврзавме пред идните поколенија да ја чуваме татковината, да ја градиме како демократско, развиено и европско место за квалитетен живот на сите граѓани.

Не заборавајќи на жртвите, премрежјата и предизвиците со кои се соочивме на патот до слободата, остварувајќи ја нашата стратешка цел за членство во НАТО алијансата, одлучно и непоколебливо продолжуваме на патот за полноправно членство и во Европската Унија.

Сплотеноста и единственоста, нека бидат нашите водилки до остварувањето на нови заеднички успеси и нови, европски можности за генерациите кои доаѓаат.

Во мое лично име и во име на Општина Прилеп, на сите граѓани им го честитам 8.Септември, Денот на независноста. Нека е честит и вековит!

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …