Делчево во чест на светите браќа Кирил и Методиј

Делчево во чест на светите браќа Кирил и Методиј

По повод денот на Светите Кирил и Методиј кој Делчево ги слави како светители- заштитници на градот, се организира еднонеделна програма која содржи низа културни настани.

Од денеска во чест на просветителите, љубителите на книгата ќе имаат можност да се запознаат со најновите наслови, но и да набават книги по самески цени од: Просветно дело, Арс Ламина, Македоника Литера и Матица. Саемот ќе биде отворен во мултифункционалниот центар сѐ до наредниот понеделник во периодот од 8 до 15,30 мин.

Во соработка со НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, од вечерва, па до 22 мај, делчевци ќе имаат прилика премиерно да го гледаат македонскиот филм „Господ постои името ѝ е Петрунија“.

На 23 мај во 13, 00 ч. ќе биде отворена изложбата „Ранохристијански и ќерамички икони од Виничкото кале“ од Музеј „Теракота“ Виница.

 А, во чест на Свети Кирил и Методиј, на 23 мај со почеток во 20 ч, во соработка со МеѓународнатаФондациjа за соработка и културен натпревар Гоце Делчев“ ќе се организира целовечерен концерт на „Камерна опера Благоевград“, Р Бугарија, диригент Христо Христов.

На самиот ден 24 Мај, ќе се одржи Света Архиерејска литургија, по што ќе следува Литија од црквата „Св.Наум“ до параклисот „Св.Климент Охридски“ во дворот на СОУ „М.М.Брицо“.

Одбележувањето на Денот на светите Кирил и Методиј, годинава е во знакот на 1150 години од смртта на Кирил Филозоф  кој починал во Рим на 14. февруари 869 година, а каде престојувал на повик од Папата Во таа смисла, во организација на Општина Делчево, в четврток со почеток во 11 часот во салата АСНОМ ќе се одржи научна трибина „1150 години од смртта на Кирил Филозоф“, каде од научен аспект ќе се доловува делото на Кирил и Методиј, Брегалничката мисија и нивната оставштина. Гости-предавачи на трибината ќе бидат: проф-д-р Александар Атанасовски, редовен професор на Институтот за историја, проф.д -р Снежана Филипова, редовен професор на Институтот за историја на уметноста и археологија, проф.д-р Снежана Веновска-Антевска, редовен професор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …