Денешната редовна 165 седница Владата ќе ја одржи во Тетово

Денешната редовна 165 седница Владата ќе ја одржи во Тетово

Својата редовна 165 седница која ќе започне денеска во 19 часот, Владата ќе ја одржи во Тетово. Во склоп на одржување на седницата, ќе бидат реализирани повеќе министерски теренски активности.

Министрите за транспорт и врски и за економија, Горан Сугарески и Крешник Бектеши, ќе извршат увид во реконструкција на транзитот низ Тетово, регионалниот пат Тетово – Јажинце, а министерот за здравство, Венко Филипче ќе го посети Клиничкиот центар во Тетово.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска ќе ја посетат пекарата „Ремини“, додека Државниот секретар на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Нефрус Челику ќе направи увид на градежните работи на системот за наводнување Равен – Речица.

Оваа седница е втора во низата на седници кои ќе се одржуваат во различни региони во државата, со учество на градоначалниците од Полошкиот регион, од општините Тетово, Гостивар, Јегуновце, Врапчиште, Боговиње, Брвеница, Теарце и Желино.

 

Прочитајте повеќе

За две години државните институции набавиле нови возила во вредност од 8,5 милиони евра

За две години државните институции набавиле нови возила во вредност од 8,5 милиони евра

Hајмногу возила институциите набавиле од марката Шкода, дури 90, односно една третина од сите набавени …