Владата ќе ја одржи редовната 132 седница

Владата ќе ја одржи редовната 132 седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 132 седница со повеќе точки на дневен ред.

На оваа седница министрите во Владата ќе ја разгледаат Предлог – одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија во 2020 година, со прилог Анализа на остварени резултати од спроведувањето на стратегиските приоритети на Владата во 2018 година.

На предлог на Министерство за информатичко општество и администрација, за денешната седница се предложени на разгледување и натамошно процесуирање Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа и Предлог – законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор.

Владата на РСМ на денешната седница ќе се произнесе за Предлог – законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово, за реципрочно признавање на возачки дозволи.

Министерството за труд и социјална политика на оваа седница ќе го презентира Извештајот за преземени мерки и активности за 2018 година и Оперативен план за 2019 година, за спроведување на Националната стратегија за стари лица 2010-2020 година, а Министерството за финансии на дневниот ред ја стави Информацијата за Стратегијата за развој на ИКТ на Царинската управа.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …