Дождливо време

Денеска променливо облачно, од утре заладување и локални врнежи од дожд и снег

Денеска ќе преовладува променливо облачно време, со локални врнежи од дожд, особено попладне во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено во горниот дел од Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Поради заладување, утре претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, претежно во јужните делови. Потоа следува период на постудено време со умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината, кои во раните утрински часови наместа ќе се спуштат на 10 степени под нулата.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …