избори

До 11 часот во вториот круг гласале над 180.000 гласачи, речиси идентично како како во првиот круг [инфографик]

До 11 часот во вториот круг на Локалните избори гласале 183.666 граѓани, покажува веб-страницата на Државната изборна комисија. Бројот на гласачи до 11 часот е речиси идентичен со оној во првиот круг на изборите (184.275) со таа разлика што денеска гласаат вкупно 1,35 милион гласачи во 44 општини, а во првиот круг бројот на гласачи изнесуваше 1,82 милиони во 81 општина. Оттука, одѕивот, односно процентот на гласачи во вториот круг до 11 часот изнесува 14 отсто, а во првиот круг изнесуваше 10 отсто.

Сепак, постојат разлики во бројот на гласачи кои гласале во одредени општини, не само во однос на процентите туку и во однос на вкупните бројки. Така, на пример, во општина Аеродром во првиот круг до 11 часот гласале околу 6.300 гласачи, а во вториот круг речиси 10.000. Во Битола во првиот круг до 11 часот гласале околу 10.200 гласачи, а во вториот речиси 15.800. Во Карпош во првиот круг до 11 часот гласале околу 5.600 гласачи, а во вториот 9.580 гласачи. Во Куманово, пак, во првиот круг до 11 часот гласале 4.738 гласачи, а во вториот два и пол пати повеќе или 12.163 гласачи.

Според ДИК, прекини подолги од еден час утрово имало на избирачкото место 2867/1, на 2831 и 2815 во Скопје, потоа во Сарај на избирачките места 2433, 2435 и 2438, на избирачкото место 2652 во Карпош, во Чешиново-Облешево на избирачкото место 0887 и во Зелениково на избирачкото место број 2373, каде прекинот траел повеќе од три часа. Причините за прекините во Центар и Сарај се немањето на сигнал кога се ставала мемориската картичка, што се банални причини.

„Оние гласачи кои се вратиле дома ги повикувам да излезат на гласање, затоа што проблемите се надминати“, рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Имам добиено извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за …