Енвер Тоска го призна убиството на Бекир во прилепско Беловодица

Енвер Тоска го призна убиството на Бекир во прилепско Беловодица

Енвер Тоска, 24-годишниот полициски службеник во СВР Битола, денеска на рочиштето за убиството на Бекир Алили, призна дека го сторил делото.

Во завршните зборови тој рече дека се кае за стореното дело и се извини на фамилијата на убиениот.

Неговиот бранител побара помала затворска казна, според измените во кривичниот закон за признавање на делото. Затворската казна е од 10 години до доживотен затвор.

„После оценката на сите материјално докази и едно стручно изведено обвинени, со обзбедување на докази немаше друга можност освен признавање на вината. Обвинитетиот се согласи за тоа, бидејќи уште на издржувањето на притворот истиот веќе ги почувствува последиците од неговото однесување и мислам дека тоа беше клучно кај него за да дојде до признавање на делото“, рече Васко Ѓорѓиев, адвокат на обвинетиот.

Тоска го убил Бекир и за да ги сокрие трагите го запали неговото тело. Според ЈО и одбраната на семејството Бекир, обвиниетиот бил свесен за делото. Но, мотивите и натаму остануваат нејасни.

Инаку Тоска откако го убул Бекир за да ги скрие трагите го запалил неговото тело. Мотивите и натаму остануваат непознати.

Извор: ТВ21

Прочитајте повеќе

Велибор Џаровски – Џаро

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија почина на 75 години, по кусо …