Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот

Кога ДПМНЕ 9 години за коалициски партнер го има ДУИ, нема никаков проблем. Кога за министри за одбрана и за внатрешни работи поставуваат Албанец, така треба. Кога го предлагаат и усвојуваат Законот за јазиците, за албанското знаме и за универзитети на албански јазик, нема ништо лошо во тоа. Кога гласаат амнестија за „Хашките случаи“, ако. Кога Грујо присуствува на молитва во џамија, тоа е соживот. Ама кога СДСМ ќе направи коалиција со ДУИ, тоа претставува „загрозување на националните интереси и државата мора да се брани на улица“.
Тезата е толку необјективна и депласирана што не заслужува да се коментира.

Прочитајте повеќе

Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот