Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот

Неколку пати досега во различни медиуми детално сум ги елаборирал бизнисите на вевчанската фамилија. Бидејќи нивниот најекспониран претставник Крсто Мукоски деновиве е повторно актуелен, еве го најкраткото можно резиме на таа тема:
Пратеникот на ДПМНЕ Крсто Мукоски е основач и сопственик на Друштвото за производство, трговија, угостителство, градежништво и услуги „АТРИУМ“ Вевчани, чија приоритетна дејност е изградба на станбени и нестанбени објекти. Управител на фирмата е братот на Крсто, Бобан Мукоски. Во изминатите неколку години фирмата на Мукоски добила десетици тендери од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на РМ, чиј директор е поранешниот пратеник на ДПМНЕ Цветко Грозданов. Тие двајцата, Мукоски и Грозданов, се сопственици на коњичкиот клуб „Свети Спас“ од Вевчани.
„АТРИУМ“ добивала голем број тендери од повеќе министерства, а освен тендери во 2013 г. фирмата добила под закуп и државно земјоделско земјиште во регионот на Струга.
Својата кариера Мукоски ја започнал како физички работник во фирмата на неговиот вујко Ѓорѓи Угриноски „ВИА ДОО“. Подоцна со негова помош стекнал и факултетска диплома, станал пратеник, а извесно време бил и заменик директор на државната компанија МЕПСО.
Мукоски има двајца вујковци, браќа на неговата мајка. Едниот од нив е Цветомир Угриноски, актуелниот градоначалник на Општина Вевчани. Цветомир истовремено е и сопственик на градежната фирма „ВИА Инжинеринг“, чиј управител во моментов е неговиот син Милан Угриноски. Фирмата, покрај другото, ги градеше социјалните станови во повеќе градови во Македонија и секоја година врти милиони евра, склучувајќи договори со министерствата и други државни институции.
Другиот вујко, Ѓорѓи Угриноски, исто така има градежна фирма „ВИА ДОО“. Не треба да потенцирам дека бизнисите со владините институции течат беспрекорно, посебно со двете министерства кои ги управуваше Никола Тодоров, за образование и за здравство.
Ѓорѓи Угриноски има три ќерки: првата, Сања Угриноска Спасеновска, е шеф на Кабинетот на претседателот, сега претседавач на Собранието на РМ Трајко Вељаноски, а нејзин сопруг е поранешниот пратеник на ДПМНЕ Александар Спасеноски.
Втората ќерка, Марица Угриноска Баткоска, преку аптеките „ВИА Фарм“ го има главниот збор во профитабилниот фармацевтски бизнис.
Третата ќерка, Ефимија Угриноска, е еден од основачите на фирмата „ВИА Винарија“ ДОО, која се занимава со производство на вино.
Ете така…Ова е само основното за Крсто Мукоски и неговата вевчанска фамилија. Ако пишувам за стотиците добиени тендери и заработените десетици милиони евра, ем ќе треба многу време и простор, ем ќе ве стегни нервното. Ете зошто овој приучен вевчански манипулатор од петни жили го брани криминалот на Грујо. Тој, всушност, како и сите останати пратеници на ДПМНЕ, го брани сопствениот криминал.
Го знаат ли ова “тврдокорните“ и останатите кои секоја вечер шетаат низ улиците бранејќи ја “унитарноста“ на Македонија???
#маметовашемафијашко

Прочитајте повеќе

Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот